Охридскиот боксер Наум Стојаноски од клубот “Алексо Огненоски” на престижниот меѓународен боксерски турнир “Загреб Гран При” го освои златниот медал во категоријата до 70 килограми.

Следен ваков настап од меѓународен карактер за Охридските боксери е финалето на Опен Балкан купот и меморијалниот меѓународен турнир “Алексо Огненовски” кој ќе се одржи во Охрид на Античкиот театар на 6 јуни.
OhridNews














