Податоците говорат дека злоупотребата на децата, особено сексуалната, економската, физичката, како и другите облици на злоупотреба и насилство врз децата е универзален проблем и бројот на вакви случаи е во постојан пораст.

Врз основа на податоците добиени од СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши во 2009-тата година, 48,3% од пријавите се однесуваа на злоупотреба и насилство врз децата (физичко, психичко, сексуално), што е за 9% повеќе споредбено со 2008 година.
Ова е алармирачки проблем кој бара поголемо внимание и заштита, како и превентивни мерки, на семејно, национално и меѓународно ниво. Потребно е синхронизирано дејствување на сите релевантни институции, како и подобра соработка помеѓу граѓанските организации и институциите на државата, со цел заштита на децата од сите форми на злоупотреба и насилство во сите земји.












