Злоупотребата на моќта, нееднаквоста меѓу половите и обидите да се воспостави контрола врз другите, и натаму се присутни во општеството. Тоа не ретко доведуваат до нејзина дискриминација и ја ставаат жената во група на ранливи категории: жртви на семејно насилство, професионално малтретирани жртви, жртви на економска нееднаквост и други, се наведува во истражувањето спроведено од група студенти од ФИНКИ на тема “Женската популација како ранлива група.

Загрижувачки се последиците кои битно го менуваат квалитетот на животот на жената-жртва и нејзиното ментално здравје – ниското самопочитување, напнатоста, депресивноста или агресивноста, зависноста, намалената работоспособност и нестабилноста во партнерските релации, се посочува во истражувањето.

Факторите кои ја отежнуваат а понекогаш и оневозможуваат реализација на жената се бројни и сите заедно преставуваат кршење на фундаменталните човекови права. Често жената е излложена на континуирана примена на сила манифестирана низ разни форми: психичко, физичко, сексуално или економско насилство. Некои од овие форми се фаворизирани од современиот начин на живот, други (семејно насилство) не се нова појава, влечат корења од минатото. – стои во заклучокот на младите кои изминатиот период работеа на проектот “Женската популација како ранлива група”.

OhridNews