Злоупотребени тажните помени на „Вест“ и „Дневник“
18.08.12 11:15
„Медиа принт Македонија“ преку соопштение за јавност им се извини на читателите на дневните весници „Дневник“ и „Вест“ за ненамерниот пропуст направен во денешните изданија на овие весници во кои беше објавен тажен помен „По повод 25 години од смртта на Рудолф Хес“. Поменот како што објаснува медиумската грушација бил објавен од приватно лице во рубриките „Мали огласи и тажни помени“.
Од компанијата посочуват дека се работи за груба злоупотреба на огласниот простор на весниците кои таквиот чин најостро го осудуваат.
– Во делот „Мали огласи и тажни помени“ нема удел уредувачката политика на дневните весници ниту, пак, има удел „Медиа принт Македонија“ како компанија. Тоа е закупен простор од приватни огласувачи. Токму затоа, многу е тешко да се има целосна контрола врз платените огласи и нивната содржина, но секако дека од наша страна се вложуваат максимални напори да не се објавуваат огласи со недолични и навредливи содржини по национална, верска, полова и каква било друга основа за дискриминација, се вели во соопштението на МПМ.
Компанијата покренала внатрешна истрага за инцидентот, а случајот е пријавен и во полиција.
Охрид има на што да се гордее: младиот тим „FixIt MK“, предводен од Дамјан Николоски, вечерва ја чека најважната одлука – дали ќе биде меѓу 20-те најдобри средношколски тимови во Македонија ш...
Градскиот плоштад во Охрид вчера беше исполнет со музика, позитивна енергија и детска смеа, откако стотици граѓани се приклучија на pop-up настанот „Чисто е убаво -Охрид селектира“, организиран од ...
На 16112025 во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 33-годишно лице од струшкото село Октиси Тој претходно околу 16:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во С...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.