Селекцијата на Словенија ќе ги продолжи мечевите на Европското првенство во Хрватска покрај негативниот одговор од ЕХФ за случувањата во последните моменти на мечот со Германија кој заврши без победник (25-25).

Литванските судии по прегледувањето на снимката забележаа недозволиво играње од пикерот на Словенија, Благотиншек кој им посмета на германците да изведат центар на две секунди до крајот на мечот.

Словенците, а најмногу селекторот Веселин Вујовиќ негодуваа на оваа одлука која два пати ја обжалија, но без успех. Бронзената репрезентација од последниот Мундијал најави повлекување, но очигледно дека разумот проработи кај првите луѓе на федерацијата кои пресекоа и одлучија Словенија да продолжи со натпреварите на шампионатот

ЕХФ дополнително најави дисциплинска постапка против Веселин Вујовиќ кој во записникот бил пријавен од судиите за навреди и пцовки. Селекцијата на Словенија вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути игра важен меч со Црна Гора во третата рунда од групната фаза.

OhridNews