Звечарките се опасни змии, дури и ако им е откината главата, а во тоа најдобро се уверил еден американски фармер.

Дени Андерсон ги хранел коњите кога на неговата фарма во државата Вашингтон се вовлекла метар и пол долга звечарка. Андерсон(53) и неговиот 27-годишен син Бенџамин змијата ја приковале за земја со црево за прскање, а потоа и ја откинале главата која, после неколку удари, се стркалала под камионот.

„Кога се наведнав да ја соберам, почна да се првртува, скоро се исправи и ме гризна за прст, морав силно да ја тресам раката за да ме пушти“, раскажува   Андерсон .

beta