Патниците во авионот кој летал од Австралија кон Папуа Нова Гвинеја се шокирале кога на крилото од авионот виделе огромна змија. Три метри долгиот питон се појавил еден час после полетувањето на крилото на авионот.

Еден од членовите на екипажот изјавил дека првата реакција на патниците била во стилот „мора да се шегувате“. Се верува дека змијата од шумата околу аеродромот во тропскиот Каринс доползела до авионот каде се сокрила. Авионот безбедно слетал на дестинацијата, но змијата била пронајдена мртва.