Утрово Охрид со измерени 8 степени Целзиусови беше еден од постудените градови во земјата. Обилните врнежи од дожд проследени со ветер, вчера, ја спуштија температурата на воздухот за десеттина степени. Значително посвежо време не очекува до крајот на денот, со максимална температура до 19 степени.

Уште посвежо време, особено во текот на ноќта и утринските часови ќе имаме утре. Минималната температура ќе се спушти до 5-от степен, а максималната ќе се искачи до 19-от степен.

Покачување на дневната температура се очекува во недела, но трендот на опаѓање на утринската температура ќе продолжи. Минималната ќе се движи во интервал од 0-9, а максималната од 21 до 27 степени Целзиусови.

OhridNews