Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2017 година изнесува 50 869, а бројот на ноќевањата изнесува 115 749. Бројот на туристите во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 15.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.1%.
Бројот на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 1.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 0.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 35.9%.
Во периодот јануари-ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.7%, а кај странските има зголемување за 23.5%.
Во периодот јануари-ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.6%, а кај странските има зголемување за 22.6%.
OhridNews












