Најмногу дожд изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнало во Крива Паланка и Виница – 20 л/м2. Во Охрид измерен е воден талог од 5 л/м2 Охрид, информира УХМР.
Во текот на денот не очекува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието.
Температурата значително ќе опадне, а во Охрид ќе достигне максимални 16 степени.
Во понеделник не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне 16 степени.
Г.М.