Значително зголемен бројот на активни случаи со Ковид 19 во Охрид
07.11.20 09:55
Во периодот од 31 октомври до 6 ноември Центарот за јавно здравје Охрид направил 275 тестирања за присуствио на Ковид 19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Од вкупно тестираните примероци, дијагностицирано е присуство на COVID-19 кај вкупно 318 лица и тоа кај 190 лица од општина Охрид, кај 89 лица од општина Струга и кај 39 лица од општина Дебар. Во овој период оздравени се 53 лица од Охрид, 24 од Струга и 23 лица од Дебар. Починати се 9 лица од Охрид и 1 лице од општина Струга. Активни случаи во Охрид се 357, во Струга 161, а во Дебар 63. – соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.
Од почетокот на епидемијата до 6 ноември лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 2178 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 892 лица во општина Охрид и Дебрца, 911 лица во општина Струга и Вевчани и 375 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 491, од Струга се 672, а од Дебар и Центар Жупа се 283 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 32 починати пациенти, од општина Струга се починати 76, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица, информира Центарот за јавно здравје Охрид.
Со поддршка на современи AI алатки за структурирање и продукција на наративната содржина, како и со голема желба и посветеност за зачувување и оживување на културното наследство, Драган Кумев (Kum...
На 05062026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на брегот на Охридското Езеро приведоа 75-годишно лице од охридското село Пештани При акци...
Потребни се итни решенија за струшката депонија, која повеќе од две децении претставува сериозен еколошки и здравствен ризик за населението Ова е заклучокот од јавната расправа насловена „Од дива д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.