Четврто пласираниот на табелата во првата македонска фудбалска лига Охрид 2004 во рамките од 14-та рунда го очекува  “пеколно“ гостување во Кратово кај Силекс. “Рибарите“  надвор од својот стадион врзаа две победи во низа, во последните седум рунди од палакта на Антиќ, немаат пораз забележувајќи четири триумфи.  Кратовчани имаат исто бодовно салдо како охриѓани важат за “домашна“ екипа и не “распродаваат“ бодови на домашен терен.

Не очекува тежок натпревар во Кратово, Силекс ќе нападне од првата минута за да не совлада и со победа да не престигне на табелата. Ние ќе ја наметнеме нашата игра,имаме квалитетен состав,  атмосферата во тимот е одлична и очекувам непоразени да се вратиме од Кратово – изјави поранешиот фудбалер на Силекс,  Лескароски.

Нападот е најсилното оружје на српскиот стратег Антиќ, “рибарите“  во шпицот се предводени од  офанзивниот Димоски со седум погодоци,  младинскиот репрезентативец Алими со три и напаѓачот Пројков кој полека ја пронаоѓа својата форма. Сите тие најавуваат атак кон нова победа зачинета со неколку погодоци во кратовската мрежа.

Домаќините имаат квалитетни фудбалери, меѓу себе се познаваме одлично. Мечот со Силекс ќе биде интересен и  возбудлив, а се надевам дека на крајот ние со песна ќе се вратиме во Охрид – истакна струмичанецот во “белиот“ дрес Пројков.

Првиот натпревар помеѓу овие две екипи му припадна на “рибарите“ со 2-0, погодоци беа дело Клечкароски и Алими.

Мх.П.