Внимание одрони! – ваков знак од денес ќе биде поставен на почетокот на Мостот на желбите кој води до населбата Канео.

Како што информираат од локалната самоуправа, поради честите одрони кои се случуваат од карпата над мостот, донесена е одлука за поставување на знакот со цел да се предупредат граѓаните.

Од локалната самоуправа најавуваат дека во текот на идната недела, ќе се извршат и дополнителни анализи на состојбата на карпата и ќе се донесе соодветно решение за санирање на карпата , а можно е и поставување на заштитна мрежа за спречување на одроните, се со цел зголемување на безбедноста на минувачите.

 Жителите на Канео веќе подолго време алармираа на опасноста од одрони, особено во месеците од годината во кои има големи осцилации во температурата на воздухот. Пред две години, за да не дојде до несакани последици, од страна на жителите, самоиницијативно беа срушени неколку поголеми камења од карпата која се надвиснува над куќите.

OhridNews