“Првиот сингл “Разбуди се”, на Горан Папаз и Даз Флоу беше вистинско освежување на македонската музичка сцена во 2011та, кој toga[ се искачи на врвот на македонските топ листи. После точно 8 години, Папаз и Даз создаваат нова песна која носи наслов “Знам”.

Песната е работена во студиото на Танче Гроздановски, автор на музиката е Папаз, за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски, а текстот е напишан од Даз Флоу.

Ова лето се очекуваат многу новитети од Папаз и Танче кои неодамна го најавија албумот “Елегија”.

OhridNews