Со одлука на Владата донесена на вонредна седница, денеска во Македонија е ден на жалост, во знак на почит кон жртвите во бродската несреќа што вчера се случи во Охридското Езеро.
Откажани се сите јавни манифестации, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.
Бугарија, од каде потекнуваат сите 15 жртви во несреќата за ден на жалост го прогласи понеделник 7-ми септември.











