Здружението на новинари на Македонија ги повикува сите колеги на одговорно и професионално известување во врска со петкратното убиство во скопското село Смилковци.

-Апелирам до новинарите да не изнесуваат непотврдени информации во јавноста и да не шпекулираат за
евентуалните автори и мотивите на ова злосторство.Сметам дека медиуми не смеат да ја злоупотребат болката и огромната загуба на семејствата на убиените сограѓани за да поттикнуваат етничко насилство. Тие што ги убија петмината скопјани имаат само едно име, ладнокрвни убијци, на кои треба да им суди правната држава, вели претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Во реакцијата уште стои дека додава дека македонските граѓани се обединети околу осудата на ова грозоморно убиство бидејќи се свесни дека убијците не пукаа само врз невини луѓе, туку пукаа и врз мирот и иднината на Македонија.

OhridNews