Професионално известување без поттикнување насилство и дискриминација аплелираат до медиумите од Здружението на новинарите на Македонија, според кое објективноста во предизборниот период е клучна не само за политичарите, туку за сите граѓани.
Како што изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, медиумите ја имаат главната улога во обезбедување услови за одржување фер и демократски избори.
„Во текот на кампањата новинарите треба да обезбедуваат точни и проверени информации за сите учесници во изборната трка и да промовираат различни и балансирани ставови за битни прашања за изборите.“ – вели Селмани.
Инаку, Здружението денеска промовира новинарски прирачник за следење на избори.
OhridNews