
„Денеска доставивме претставка до МВР со која бараме од МВР да го открие идентитетот на лицето кое нареди да се користи сила против новинарите во Македонија без никаков основ и секако инсистираме да се отвори постапка и да се санкционира. Исто така слична постапка бараме и за лицата припадниците на обезбедувањето коишто беа вмешани во користењето на насилство врз новинарите. Веруваме дека во МВР,најголем број од полицајците се професионалци и ќе го препознаат ова непрофесионално однесување на нивните колеги . Очекуваме да се дистанцираат од нив и да се санкционираат . Штета е направена, сега на потег се институциите да го спасат нивниот образ и образот на земјата пред светот “ изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Во понеделник на собраниската седница за донесување на буџетот, новинарите беа насилно исфрлени од собраниската галерија. Потоа беше исфрлена и опозицијата која претходно ја имаше запоседната собранската говорница. Мнозинството потоа го изгласа буџетот за 2013 година.
извор:„Макфакс“












