
„Говорот на омраза и повикувањето на насилство против новинари е апсолутно неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на говорот. Смртните закани имаат за цел да ги вознемират новинарите и да се замолчи критиката во медиумите. Јавно повикуваме да престанат сите видови на закани и притисоци против новинарите затоа што ваквиот насилнички говор не може да се смета како слобода на изразување, туку е тешко кривично дело кое се казнува со затвор.“ – посочуваат од ЗНМ.
ЗНМ најави дека наредната недела до Јавното обвинителство ќе достави писмено барање за кривично гонење на Михајловски според членовите 144 и 386 од Кривичниот законик.
„Се надеваме дека обвинителството ќе ги цени нашите докази и ќе покрене истрага против Михајловски. Новата влада има законска и морална одговорност јавно да ги осуди ваквите закани и да воспостави ефикасен систем за казнување на насилството против новинарите. Одговорност на владата е да гарантира безбедна средина за работата на новинарите.“ – велат од ЗНМ.
OhridNews











