По повод одржувањето на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, Здружението на новинари на Македонија упати апел до колегите да ги почитуваат законите, професионалните стандарди и етичкиот кодекс.

На денот на изборите ЗНМ преку своите регионални координатори и централата во Скопје ќе им пружи логистичка поддршка на своите членови, а на располагање на новинарите ќе им биде и тим адвокати.

OhridNews