Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) ја осудува вчерашната егзекуција на новинарите од францускиот магазин Шарли Ебдо од Париз.

„Во овие тажни моменти изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ. Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е  напад и врз цивилизациските вредности на слободниот свет. Насилството во никој случај не смее да се толерира, а злосторниците мора најостро да се казнуваат. Екстремистите и терористите мора да се поразат во име на слободата, мирот и  разбирањето меѓу цивилизациите“, се вели во соопштението од ЗНМ.

OhridNews