Преставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Владата постигнаа договор за декриминализација на клеветата на навредата и за висината на надоместокот за нематеријална штета.

Договорено е висината на надоместокот за нематеријална штета да изнесува 2.000 евра за новинарот, 10.000 евра за главниот и одговорен уредник и 15.000 евра за сопственикот на медиумот.

„Законот е поставен казните да бидат на крај. Воспоставен е систем кој му дава можност на новинарот да ја докаже вистината на напишаното, ако во тоа не успее, да се извини, а има инструмент да се објави и демант. Крајна мерка ќе биде изрекување мерка надомест за нематеријална штета“, изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

OhridNews
извор: Makfaks