
„Дебатната емисија емитувана во живо во недела во 20 часот водена од одговорниот уредник Горан Петревски, каде тема на разговор беше аферата Пуч, е типичен пример на неприфесионално и неетично однесување на еден новинар, кој работи во јавен радиодифузен сервис. Место дебатата да послужи како можност јавноста да добие дополнителни информации и анализи за оваа актуалена тема, разговорот се претвори во едногласно навивање за партијата на власт. Со ваквата емисија, уредникот Петревски ги прекрши основните стандарди и начела предвидени во членот 111 од Законот за аудио и аудивизулени медиумски услуги за новинарите и уредниците на МРТ. Преку селекцијата на гостите Петревски го прекрши законското начело на непристрасност и сеопфатност на информациите како и начелото за политичка избалансираност и плурализам на гледишта.
Со начинот на водење на емисијата тој го прекрши и начелото да не застапува и фаворизира ставовите и интерсите на одредена политичка партија.
Дополнителен сомнеж за целта на емисијата потикнува и фактот што емисијата не беше предвидена во програмската шема на МРТ, според која во тоа време било предвидено да се емитува спорт, метео и игран филм.“- стои во реакцијата на ЗНМ.
ЗНМ ја повикува Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги, која е наделжна за спроведување на законот, да реагира и да не дозволи ваква брутална злоупотреба на јавниот сервис и кршење на стандардите и начелата што треба да ги почитуваат новинарите и уредниците на МРТ при продукција и презентација на програмите.
OhridNews












