Здружението на зновинатите на Македонијаподнесе барање за заштита на слободата и правото на јавно изразување на мисла до Уставниот суд на РМ а по повод настаните од 24.12.2012 каде со употреба на физичка сила беа истерани новинарите од галеријата при Собранието.
Дел од барањето на ЗНМ
Во образложението се подвлекува дека новинарите со ништо не придонеле за конфликтната состојба во Собранието и дека со отстранување од галеријата за следење седници се оневозможени во професионалното извршување на задачата и дека постапката на припадниците на собраниското обезбедување, како и обтразложението за нивното постапување не е во согласност со законот и прописите.