Освен објективност, непристрасност и професионалност потребни се смирувачки тенденции, а не сензационализам и текстови кои придонесуваат за разгорување на страстите и меѓуетничките тензии.
На вакво однесување на новинарите упатува Кодексот на Здружението на новинарите на Македонија, според кој новинарот нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа : национална, верска, расна, полова, политичка…
– Уште еднаш ги повикуваме нашите колеги новинари својата работа да ја издигнат на висината на професионалните стандарди и да демонстрираат висока свест за чувствителноста на ситуацијата, велат од ЗНМ.