Здружението на новинари на Македонија, претстојниот викенд во Охрид ќе одржи семинар посветен на Нацрт Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги.
На семинарот учество ќе земат претседателот на ЗНМ Насер Селмани, претставници на комисиите на ЗНМ формирани за разгледување на Нацрт Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, како и членови на ЗНМ од шесте регионални центри во Македонија.
Отварањето на семинарот е утре вечер, а работниот дел посветен на Законот за медиуми почнува во сабота во 10 часот во хотелскиот комплекс „Метропол – Белви“.