Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), соопшти дека прифатиле три кандидатури за организацијата на Зимските олимписки игри во 2026 година. Домаќинот ќе биде познат во јуни наредната година.

Членовите на ИОК, на седницата во Буенос Аирес официјално ги одобриле кандидатурите на Калгари (Канада), Стокхолм (Шведска) и заедничката кандидатура на Милано и Кортина Дампецо (Италија).

На почетокот на оваа недела била одбиене кандидатурата на турскиот град Ерзурум поради „компликациите околу транспортот“.

Поради кандидатурата на Милано, седницата која требаше да се одржи во септември 2019 година во овој град е префрлена во Лозана.

Седницата во Лозана ќе биде одржана во јуни наредната година, кога и ќе се одржи годишната седница и ќе свечено ќе биде отворено новото седиште на ИОК, во чија изградба се вложени 200 милиони долари.

OhridNews