Чешката скијачка Естер Ледецка триумфираше и го освои златниот медал во Супер-џ дисциплината на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг.

Ледецка во борбата за првата позиција на пиедесталот ја совлада австриската скијачка Ана Вејт која заостана една илјадинка од секундата (0,01). Третото пласирана заврши Тина Веиердер од Лихтештајнг.

Најголемо разочарување во Супер-џ доживеа Американката Линдзи Вон која во текот на трката погреши и заврши на шестата позиција без никакви шанси за медал.

Ледецка има историска шанса на ЗОИ, бидејќи златен медал ќе брка и во дисциплината со сноуборд каде е помеѓу фаворитките за најсветлото одличје.

OhridNews