Американската скијачка Линдзи Вон со бронзен медал во спуст се збогува од скијањето, а воедно и од Зимските Олимписките игри.

33-годишната Вон пред спустот во Пјонгачанг најави пензионирање поради честите болки во коленото пред и после натпреварите. Американката со медалот од Пјонгчанг стана највозрасната скијачка со медал на Зимските олимписки игри во спуст.

Златниот медал во спуст дисциплината го освои Италијанката Софија Гоџа со време (1.39.22), додека со сребрено одличје се закити Ранхилд Мовинкел (1.39.31), а Вон бронзата ја обезбеди со време (1.39.69).

Низ кариерата американската скијачка која е една од поубавите во зимските спортови се соочи со одредени проблеми и повреди кои не и дозволија во целост да го покаже својот квалитет и потенцијал.

OhridNews