Рускиот олимпиец Александер Крушелнитцки остана без бронзениот медал освоен во мешани двојки во карлинг на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако беше прогласен за виновен поради користење на допинг.

25-годишниот Крушелнитцки беше еден до 168-те руски спортитсти на кои им беше дозволено да настапат на ЗОИ во Пјонгчанг и покрај тоа што Русија беше санкционира поради систематски допинг четири години претходно.

Крушелнитцки кој на допинг тестот позитивен беше на мелдониум во мешани двојки на ЗОИ настапи заедно со својата сопруга Анастасија Бризгалова и стигнаа до третото место на пиедесталот.

Нажалост, Крушелнитцки не е едиствен со позитивен на допинг тест на ЗОИ. На допинг контролата падна и словенечкиот хокеар Жига Јеглиќ кој беше позитивен на фенотерол.

OhridNews