Норвежанецот Симен Кругер изненадувачки го освои олимпиското злато во дисциплината скиатлон на 30 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Првите 15 километри не беа баш сјајни за Кругер кој после падот на стартот од трката заостана цели 40 секунди од водечките на патеката.

Втората поливина донесе неверојатен пресврт. Кругер не само што ги достигна, туку и ги престигна скијачите и донесе медал за норвежаните после пауза од 24 години во оваа дисциплина.

Да биде се во знакот на норвежаните се погрижија Мартин Сунди и Ханс Солунд кои завршија на втората односно третата позиција.

OhridNews