Спортскиот арбитражен суд отвори случај за рускиот олимпиец Александер Крушелницки кој падна на првиот допинг тест на Зимските Олимписки игри.

Крушелницки кој освои бронзен медал во карлинг во мешани двојки со неговата сопруга бил позитивен на мелдониум која е на листата забранети супстанции од антидопинг комисијата.

Судот кој потврди дека има случај на позитивен допинг тест се уште нема одредено датум на сослушување на Крушелницки.

Руските спортисти на ЗОИ во Пјонгчанг настапуваат под олимпиското знаме поради систематски допинг во земјата, а поради користење на мелдониум од тенисот суспендирана беше Марија Шарапова.

OhridNews