Првиот македонски спортист кој настапи на Зимските олимписки игри, Ставре Јада не се прослави во квалификациите во спринтерската трка во нордиско скијање завршувајќи на последната позиција.

Делницата од 1.4 километри нашиот олимпијец кој беше и знаменосец ја мина за 4 минути, 23 секунди и 95 стотинки и заостана минута и 15 секунди од првопласираниот Ристомати Хакола од Финска.

Пласман во финалната трка обезбедија првите 30 пласирани.

OhridNews