Зоран Иванов со иницијатива за лустрација на новинарите
24.04.12 00:03
Поранешниот владин портпарол и поранешен портпарол на претседателот на Македонија, Зоран Иванов, упати иницијатива до Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) за спроведување лустрација за сите новинари во земјата, пренесува „Макфакс“.
„Во името на новинарството, да им се затвори устата и да им се оневозможи натамошна злоупотреба на медиумите и манипулација со јавноста на некои ’новинари патриоти’ за кои во новинарската јавност се тврди дека не само што ’биле или сега се соработници на тајните и на другите полициски служби’, туку во најбуквална смисла на зборот, за ситни материјални, партиски или кариеристички привилегии, биле или се ’полициски кодоши’ и ’цинкароши’ од најдолен вид“, се вели во иницијативата на Иванов.
Според него, единствена цел е ова еснавско здружение на јавноста да и го покаже прочистениот македонски новинарски образ.
„Крајно време на некои новинарски персони и персонки да им се оневозможи токму тие и таквите и натаму да фрлаат прав во очите на јавноста на темата ’лустрација’. Да ги замолчи токму тие на кои, кога ќе проговорат на темата ’кодошлок’, постојано им се цеди путер од шапките под кои се задскриваат“, се вели во иницијативата на Иванов.
Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика ...
Реконструкцијата на плоштадот „Крушевска Република“ е обемен зафат, а изградбата на катната гаража е реален проект реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на вчерашната прес конференција на претседатело...
Проф д-р Ристо Речкоски од Факултетот за туризам и угостителство Охрид, како единствен претставник од регионот, присуствуваше со свој научен труд од областа на правото и туризмот во Македонија, на ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.