Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца официјално ја објави независната кандидатура за градоначалник на Општина Дебрца, за мандатот 2021-2025 година.
Пред четири години ја добив Вашата голема поддршка за градоначалник на општина Дебрца.Иако поддршката ја добив како партиски кандидат, во изминативе четири години основниот принцип на дејствување ми беше дека секој е важен и затоа реализиравме проекти во речиси секое село, истакнува Ногачески
Тој додава дека перцепцијата на поединци дека недоволно работел за партиските интерески,значи дека бил градоначалник на сите граѓани и изрази благодарност до раководството и членството на СДСМ за соработката во времетраењето на неговиот градоначалнички мандат .
Ногачески рече дека секогаш бил на страна на граѓаните и побара поддршка за кандидатурата..
Се обраќам и барам поддршка од сите граѓани. Ги повикувам и раководствата на политичките партии да ги надминат теснопартиските интереси и на преден план, вистински, а не само декларативно да ги стават интересите на граѓаните. Остануваме отворени за соработка со сите кои и го мислат доброто на Дебрца, напиша во своето официјално обраќање Зоран Ногачески.
Инаку, Зоран Ногачески победи на локалните избори како кандидат од СДСМ и Коалицијата одржани на 15 октомври 2017 година освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг од локалните избори.
OhridNews












