Со одлука на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за нов претседател на општинската организација на СДСМ Дебарца именуван е Зоран Ногачески.
Зоран Ногачески е од село Волино. Роден е 1966 година, по вокација е дипломиран правник. Во својата професионална кариера од 1997-2005 година бил секретар на советот на поранешната општина Мешеишта, стручен и раководен државен службеник во општина Дебарца. Работи во општина Дебарца како раководител на одделението за инспекциски работи. Оженет и татко на две малолетни деца.
На чело на општинската организација во општина Дебарца доаѓа на местото на досегашниот претседател, Љубен Стојкоски.
Во наредните денови се очекува новоименованиот претседател на општинската организација да го предложи составот на новиот Извршен одбор на општинската организација, кој по добивањето на согласност од Извршниот одбор на партијата ќе биде предложен на Општинската конференција на усвојување, информираат од ОО СДСМ – Дебарца.
OhridNews