Спортскиот новинар Зоран Цветаноски е назначен за нов претседател на ракометниот клуб Металург.

Цветаноски на позицијата претседател во клубот од Автокоманда го наследува Левче Китевски кој три години ја извршуваше функцијата.

Цветаноски години наназад е дел од тимот на Металург и работеше како секретар на клубот, но сега направи чекор напред и ќе биде одговорен за сите случуњава во Металург.

Неодамна, Металург го промовираше Раде Стојановиќ за помошник тренер во Металург 2 каде се брусат талентите во Автокоманда.

OhridNews