Зоран Заев останува лидер на СДСМ. На вчерашниот конгрес на партијата поддршката му ја изразиле 413 делегати наспроти 176 делегати кои што сметале дека Заев треба да си замине.
 
Поддршката на мнозинството делегати на Централниот одбор ја добива и  ЦО на партијата како и заменичката на Заев,  Радмила Шеќеринска со 386 наспроти 205 од вкупниот број присутни и за надзорниот одбор 445 наспроти 146.
 
Пред гласањето на доверба Конгресот едногласно го поддржа извештајот за претседателските и парламентарните избори со што ги потврдите одлуките на СДСМ да ги врати пратеничките мандати и да не ги признае изборните резултати.

OhridNews