Тмурната есен брзо ни се приближува, а ладните денови често се поврзуваат со топла но и висококалорична храна. Ние ви предлагаме да направите “есенски план за здрава исхрана” со кој ќе ја задржите посакуваната форма, а воедно ќе бидете полни со енергија.


Следуваат 10 причини зошто овој нов есенски план треба да содржи поголеми количини на брокула:

1.Брокулата многу заситува, а не дебелее па е одлична за луѓе кои се склони кон прејадување

2.Одлична е за превенција од рак

3.Позитивно влијае на работата на срцето

4.Ги зацврстува коските

5.Го регулира крвниот притисок

6.Помага при заштита од настинки

7.Помага во регулација на хормоните

8.Го зајакнува имунитетот

9.Им помага на лицата со дијабетис

10.Таа е нискокалорична и помага да ја задржите посакуваната фигура

Супата од брокула не само што ќе ве стопли туку и ќе придонесе да останете здрави оваа есен.