Легендарниот голман на Барселона, Андони Зубизарета не е повеќе спортски директор на Ноу Камп откако клубот го разреши од функцијата.
Улогата спортски директор Зубизарета ја имаше од 2010 година кога Сандро Росел ја презеде палката на клубот од Жоан Лапорта.
Поранешниот шпански репрезентативец во четири годишниот престој на Ноу Камп не уживаше кој знае каква подршка од навивачите, кои не беа задоволни од засилувањата.
– Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу одлучи да го раскине договорот со спортскиот директор Андони Зубизарате. Сите во клубот сакаме да му заблагодариме за доприносот, посветоноста и професионализмот кој го покажа во голема мера – стои во соопштението од каталонскиот клуб.
Веднаш после отказот на Зубизарата од фунцкијата заменик спортски директор замина Карлес Пујол.
Мх.П.