Младиот Германец Александар Зверев ја освои титулата на мастерсот во Монтреал. Зверев во финалето го победи Роџер Федерер со 6:3, 6:4.
Зверев изненадувачки лесно за 79 минути игра се справи со Федерер за кого оваа сезонава е прв пораз во финале на турнир од мастерс или гренд слем серијата.
Германецот ја освои втората мастерс-титула сезонава откако во мај славеше над Новак Ѓоковиќ во Рим.
OhridNews