Рожер Федерер го декласира Александар Зверев и девети пат во кариерата ја освои титулата на АТП турнирот во Хале.
Федерер мечот со Зверев го доби во два сета (6:1, 6:3) за само 55 минути игра и во целост му се реваншира на младиот Германец за минатогодишната елиминација во полуфиналето.
Швајцарецот ја освои четвртата титула од почетокот на годината и се израмни според бројот на освоени трофеи во сезоната со Рафа Надал. Покрај во Хале, Федерер, победи на Австралија Опен, Индијан Велс и Мајами.
За триумфот во Хале, Федерер, освои парична награда од 400.000 евра.