Еден од најдобрите фудбалери во Ливерпул сезонава, Рахим Стерлинг го одби новиот договор и побара дозвола за заминување од Енфилд.
Долго време се шпекулираше и пишуваше околу новиот договор за Стерлинг, но се уште го немаше кажано последниот збор фудбалерот.
Причина за неприфаќањето на договорот Стерлинг го наведува не успехот на Ливерпул да се пласира во Лигата на Шампиони и не формирањето конкурентна екипа за Премиер лигата.
„Црвените“ по ваквата вест веднаш се изјаснаа дека Стерлинг не е за продажба покрај одбивањето на новиот договор.
Мх.П.