Манчестер Јунајтед на погон од повратникот во екипата, Пол Погба и младите Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал на домашен терен со пресврт го совлада Њукасл (4-1) во последниот меч од денешната програмата во Премиер лигата.

Францускиот интернационалец асистираше за изедначувачкиот погодок кој го постигна Ентони Марсијал, а стрелец беше на третиот по несебичното додавање од Маркус Рашфорд. Измеѓу овие голови Крис Смолинг со глава донесе водство за „ѓаволите“ (2-1). Конечните 4-1 ги постави Ромелу Лукаку кој стави точка на голгетерскиот пост во најсилната англиска лига. А голеадата на Олд Трафорд ја најави гостинскиот состав со голот на Гејл.

На мечот официјален кам бек имаше Златан Ибрахимовиќ кој одигра десеттина минути, додека Маркос Рохо остана на клупата и не доби шанса за настап против „страчките“.

Резултати: Арсенал – Тотенхем 2-0, Бурнмаут – Хадерсфилд 4-0, Барнли – Свонси 2-0, Кристал Палас – Евертон 2-2, Лестер – Мен Сити 0-2, Ливерпул – Саутемптон 3-0, ВБА – Челси 0-4, Мен Ју – Њукасл 4-1.

Табела: Мен Сити 34, Мен Ју 26, Челси 25, Тотенхем 23, Ливерпул 22, Арсенал 22…

OhridNews