Во Младинскиот центар во Охрид – МЦО, синоќа беше отворена изложбата „Звукот на фотографијата“ на која со избор фотографии се претставија шест млади фотографи од Охрид: Анамарија Момироска, Ива Јовановиќ, Анастасија Стојаноска, Христијан Јанкуловски, Никола Ставрески и Давор Левески.
Присутните можеа да погледнат фотографии на слободна тема изработени од младите охриѓани кои покажуваат исклучителен квалитет и креативност.
Изложбата што се одржа во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“, ја отвори Јован Цветкоски, раководител на МЦО Охрид.
Изложбата на младите охридски фотографи во МЦО ќе биде отворена до 30 декември.
Фото галерија:
Звукот на фотографијата низ објективот на младите охридски фотографи
Г.М.
Фото: Анамарија Момироска/Емил Јовановиќ