Легендарната група ZZ Top по девет години снима нов албум. Тој ќе го носи името “La Futura”, а треба да биде завршен на почетокот на Септември.


“Долго размислувавме за овој проект и за тоа како да го оставариме. Сакавме да го разгориме жарот од нашите постари хитови без да ја игнорираме современата технологија. Иако предизвиците беа големи успеавме да направиме спој на минатото и сегашноста” изјавија членовите на групата.
Ова ќе биде 15ти студиски албум на легендарната група.