Италијанецот Јаник Синер е првиот финалист на Австралија Опен, откако претпладнево во полуфиналниот двобој го совлада десеткратниот освојувач на грен – слем турнирот во Мелбурн, Србинот Новак Ѓоковиќ, со 6-1, 6-2, 6-7, 6-3.

За Синер ова е прво грен – слем финале во кариерата. На патот до финалето Синер не загуби ниту еден сет и воедно ја прекина импресивната серија на Ѓоковиќ од 33 победи во низа во Мелбурн.
Од триумфот во 2019 година Ѓоковиќ беше непобедлив на Австралија Опен, триумфирајќи и во 2020, 2021 и 2023, додека во 2022 не смееше да настапи, бидејќи одби да се вакцинира против коронавируст.
OhridNews










