ГРК Охрид во недела, 24 мај, гостува кај Татабања во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп. Натпреварот се игра од 17:00 часот.

Не очекува тежок натпревар во недела, влогот е голем, титула во Европа. Според мене играме против една одлична екипа и мислам дека во финалето нема фаворит и трофејот ќе го крене тој што ќе има поголема желба. Ќе се обидеме да изиграме што подобро и со што подобар резултат да се вратиме во Охрид, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ.

Реванш натпреварот се игра во Охрид во СЦ „Билјанини извори“ на 31 мај со почеток во 20 часот. Салата е целосно распродадена во рекорден рок од објавувањето дека се пуштени во продажба влезниците.

OhridNews