Kако дел од програмата на Општина Охрид „Културата расте со децата“ овој петок, 06.09.2024 година, на големата сцена на Долни Сарај ќе настапат учесниците од „Распеано рибарче“. Настанот започнува во 18:30 часот.

Програмата која започна на 21-ви јуни предвидена е да трае до 6-ти октомври 2024 година – Неделата на детето. Настаните се реализираат на различни локации на отворено.
OhridNews











