ГРК Охрид во сабота го игра реванш натпреварот со екипата на Целје во полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп, откако во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч загуби со минимална разлика 27:26 (полувреме 15:11).

Ова европско полуфинале има големо значење за Охрид! Целје има одличен тим, но ние играме на домашен терен и ќе го дадеме нашиот максимум, изјави ракометарот на ГРК Охрид Томислав Јагуриноски.

Спортската сала „Билјанини Извори“ е целосно распродадена за реваншот кој се игра со почеток од 19 часот.

ГРК Охрид најави и фан зона пред натпреварот од 16:30 часот пред салата „Билјанини Извори“ каде ќе може да се набават дресови, маици, шалчиња и други реквизити од клубот. За забавата ќе се погрижи DJ Face.

OhridNews